Одржана трета средба од обуката Проектен менаџмент - САБА Битола (Held third meeting of the training Project Management - SABA Bitola)

Како да се креира еден проект, како да се менаџира истиот, кои се фазите на проектниот менаџмент? беа само дел од темите кои се опфатија во рамките на обуката Проектен Менаџмент. На 12-ти Март Центарот за локални иницијативи ја одржа третата средба од обуката во соработка со Средношколската Академија за Бизнис Администрација САБА Битола.

На оваа средба наставниот кадар стекна знаење за како логичката рамка на проблемот да ја преточи во цели на еден проект и како да направи план на активности за истиот. Следно се премина кон фазата: имплементација на проект, односно што значи да се менаџира со ризици, резултати, тим, стејкколдери, квалитет итн. На крајот од обуката се сумираа сите теми опфатени во претходните две средби и се диксутираше колку се исполнија очекувањата на учесниците кои ги запишаа на првата средба.
Оваа обука имаше иновативен аспект затоа што се спроведуваше со употреба на методот на користење на отворени образовни ресурси, односно со користење на он-лајн курсот Проектен Менаџмент и разработка на темите од овој курс со практично прилагодени примери. Во таа насока обуката имаше две цели, од една страна да се збогатат знаењата за проектниот менаџмент и како истиот да се употребува во наставата и од друга страна да се презентира како он-лајн курсевите може да се употребуваат во наставата.

Во делот на рефлексии, наставниот кадар сподели интересни начини како планираат да ги применат знаењата и вештините кои ги стекнаа во рамките на оваа обука која се реализираше низ три средби.

На крајот беа доделени сертификатите за учесниците и Центарот за локални иницијативи додели признание на САБА за поттикнување на професионален развој на наставниот кадар.

The third meeting of the training Project Management - SABA Bitola
 

How to create a project, how to manage it, which are the phases of project management? were just some of the topics covered in the training Project Management. On 12th of March 2015 the Center for Local Initiatives held the third meeting of the training in cooperation with the High school academy for Business Administration SABA Bitola.

At this meeting, the teachers acquired knowledge of how the logical framework of the problem to translate into goals of a project and how to plan activities for the same. Next, we moved on to phase: implementation of the project, or what it means to manage the risks, results, team, stakeholders, quality etc. At the end of the training were summarized all topics covered in the previous two meetings and was discussed how the expectations of participants were fulfilled.

This training had an innovative aspect because it was delivered using the method of use of open educational resources: the topics of the online course Project Management was elaborated with practical examples. In this context, the training had two goals on the one hand to enrich the knowledge of project management and how it can be used in the classroom and on the other hand to present how the on-line courses can be used in teaching process.

In terms of reflections, teachers shared. It is interesting how they plan to apply the knowledge and skills gained in the framework of this training implemented through three meetings.


It was eventually awarded certificates to the participants and the Centre for Local Initiatives Honour SABA to encourage professional development of teaching staff.