Бесплатен пристап до он-лајн курсеви, книги, списанија....прочитајте како!

Како дел од Неделата на отворени образовни ресурси, Центарот за локални иницијативи презеде неколку активности за нејзина промоција. Секој ден на нашата фејсбук страна објавувавме неколку линкови од отворени образовни ресурси кои би му помогнале на секој да се усовршува професионално и да напредува во својата кариера.

Во таа насока подготвивме и презентација со неколку линкови од отворени образовни ресурси, како и word документ. Кликнете на линковите за повеќе инфо. Информирајте се и користете ги придобивките од овие ресурси, презентацијата содржи голем број на информации каде може да следите бесплатни он-лајн курсеви, да користите бесплатни книги, списанија, да учите бесплатно јазик, итн.

Наставниот кадар може да ги користи овие отворени образовни ресурси како поддршка во организација на наставата.

Контактирајте не, доколку ви е потребна поддршка при пребарувањето!
 

No comments:

Post a Comment