Хуманоста на дело: Студентите на ФИКТ повторно во акција

Членовите на претседателството на Студентскиот сојуз на ФИКТ – Битола повторно покажаа дека младите се двигатели на позитивните промени во заедницата!


Во рамки на волонтерска акција организирана од граѓанската организација - Центар за локални иницијативи – Битола, студентите заедно со вработените од Домот за стари лица „Сју Рајдер“ – Битола и штитеничката г-ѓа Крста – најголемиот љубител на цвеќето, засадија нови садници дрвја и цвеќе, внесувајќи повеќе боја, живот и топлина во дворот на домот - местото каде што штитениците во текот на летните месеци го поминуваат најголемиот дел од денот во дружење, разговори и моменти исполнети со топлина и пријателство.

Покрај разубавувањето на просторот, младите волонтери учествуваа и во донирањето на мали апарати кои ќе дадат голем придонес во работата на службите задолжени за здравствената грижа на штитениците.

Студентите од претседателството на Студентскиот сојуз на ФИКТ континуирано се истакнуваат со својата активност, иницијативност и вклученост во голем број општествено корисни активности. Нивната посветеност, хуманост и подготвеност да придонесат за заедницата се вистински пример за младински активизам и општествена одговорност. Токму ваквите активности зборуваат за квалитетот, вредностите и воспитно-образовната мисија што ФИКТ ја гради кај своите студенти – создавајќи млади луѓе кои покрај академското знаење, поседуваат и силно чувство за солидарност, емпатија и лидерство.

Оваа инспиративна активност е дел од проектот „Младите волонтери во акција за поддршка на Домот за стари лица“, финансиран од Општина Битола, со цел поттикнување и развој на волонтерството и младинскиот активизам.





Со мали дела создаваме поубава и потопла средина за нашите сограѓани во третата доба од својот живот

Денес, 10 јуни 2026 година граѓанската организација  Центар за локални иницијативи од Битола започна со првата фаза од реализацијата на проектот Младите волонтери во акција за поддршка на Домот за стари лица“. Овој проект е финансиран од Општина Битола во насока на развој на волонтерството за организарање на волонтерски акции.


Акцијата е под мотото „Со мали дела создаваме поубава и потопла средина за нашите сограѓани во третата доба од својот живот“ - штитеници на Домот за стари лица во Битола.


Првата фаза од реализацијата на проектот се состои во активности поврзани со засадување на цвеќе и садници од дрвја во дворот на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола. Цвеќето е набавено од цвеќарницата Грин гарден која се вклучи со своја донација од цветен расад.



На денешниот настан на донирањето на расадот учество зедоа претседателката на Здружението (проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска) и волонтер во организацијата од Република Того, Африка (Grace Medzetom) студентка на универзитетот Le Mans во Франција, а донацијата беше врачена на социјалниот работник од институцијата - Сара Масалковска.

Еснаф под катанец – последните битолски занаетчии

Во време кога традицијата сè потешко опстојува, приказните за старите занаети стануваат поважни од кога било. Во Локал Актив Пелагонија неодамна беше објавен текст кој ја прикажува реалната состојба во Старата битолска чаршија – каде сè почесто се гледаат натписи „се издава“ наместо активни дуќани, а бројот на занаетчии постојано се намалува. Прочитај повеќе тука и дознај повеќе за предизвиците и иднината на последните битолски занаетчии.