Обука Проектен Менаџмент - САБА Битола (Training Project Management - SABA Bitola)

Центарот за локални иницијативи (ЦЛИ) Битола во соработка со Средношколската Академија за Бизнис Администрација САБА Битола започна со организирање на фасилитирани сесии од онлјан курсот Проектен Менаџмент.

Првата средба од вкупно три се одржа на 25-ти Февруари во просториите на САБА Битола. Целта на овие средби е двострана: да се презентира нова алатка во наставата, како преку заедничко следење и обработка на он-лајн курсеви може наставниот кадар да ја организира наставата од една страна и истовремено да се надоградуваат знаењата од областа на проектниот менаџмент од друга страна. Во наредните средби, тимот на ЦЛИ ќе презентира како наставниот кадар може да го користи проектниот менаџмент при организација и имплементација на проекти по различни предмети.



Center for Local Initiatives (CLI), in cooperation with the High School Academy of Business Administration SABA Bitola started organizing facilitated sessions of the on-line course Project Management.

The first meeting of the three took place on February 25th at the premises of SABA Bitola. The purpose of these meetings was: to present a new tool in teaching, how to use open educational resources in the teaching on one side and at the same time to upgrade knowledge in Project Management from the other side. In subsequent meetings, the CLI team will explain how teachers can use project management and implement projects in various subjects.