ЦЛИ со активно учество во промоција на “Неделата на отворени образовни ресурси“ (09-13.03.2015)



Со задоволство ви објавуваме дека Центарот за локални иницијативи ќе биде дел од “Неделата на отворени образовни ресурси“ која ќе се одбележи од 9-ти до 13-ти Март во светот. Повеќе инфо на следниов линк: http://www.openeducationweek.org/event/promotion-of-open-educational-resources/

Во текот на оваа недела ќе промовираме на нашата фејсбук фан страна и на нашиот блог различни отворени образовни ресурси кои би им помогнале на секој да се развива професионално и тоа бесплатно. Слободно контактирајте не за сите прашања кои ги имате!

“Неделата на отворени образовни ресурси“ е прослава на глобалното Движење за отворено образование. Целта е да се подигне свеста за отвореното образование и неговото влијание врз наставата и учењето во светот. Отвореното образование опфаќа  алатки и практики кои во рамките на отворено споделување го подобруваат образовниот пристап и ефикасност. Учеството во сите настани и користење на сите ресурси е бесплатно и отворено за секого.

Отвореното образование е слободно и отворено споделување, бесплатно и опфаќа отворени лиценци, што овозможува секој да ги употреба повторно и да ги менува образовните ресурси. Слободното и отворено споделување го зголемува пристапот до образование и знаење за секого, насекаде, во секое време. Тоа им овозможува на луѓето да се прават промени на материјали или да се комбинираат ресурсите за да се изгради нешто ново. Отвореното образование вклучува слободни заедници за учење, образовни мрежи, наставни и материјали за учење, отворени учебници, отворени податоци, стипендии, отворени образовни алатки и многу повеќе.
Идејата за слободна и отворена размена во образованието не е нова. Всушност, споделувањето е веројатно една од основните карактеристики на образованието.

Зошто отвореното образование е важно?
Луѓето сакаат да учат. Со обезбедување на слободен и отворен пристап до образование и знаење, ние помогаме да се создаде еден свет каде што луѓето можат да ја исполнат оваа желба. Студентите можат да добијат дополнителни информации, ставови и материјали; вработените можат да научат работи кои ќе им помогнат на работач истражувачите може да разменуваат податоци и развој на нови мрежи; професорите можат да најдат нови начини да им помогнат на студентите да учат; луѓето можат да се вмрежуваат и да споделуваат идеи и информации. Отвореното образованието е достапно, прилагодливо и бесплатно.

Што претставува “Неделата на отворени образовни ресурси“?
Целта на оваа недела е да се подигне јавната свест за слободните и отворени образовни можности кои постојат за секого, насекаде, во моментов. Ние сакаме да се потенцира колку со отворените образование може да се помогне на луѓето да ги постигнат нивните цели во образованието, без разлика дали тоа е да се развијат знаење и вештини за работа, поддршка на формалните студии, учење нешто ново, или бараат дополнителни средства за обука.

“Неделата на отворени образовни ресурси“ е координирана од страна на Open Education Consortium, здружение на стотици институции и организации од целиот свет кои се посветени на идеалите на отворено образование. Универзитети, колеџи, училишта и организации од целиот свет се здружуваат заедно за да ги покажат нивните напори за отвореното образование.

Доколку сакате да дознаете повеќе за настаните кои што се одржуваат ширум светот за време на Неделата на отворени образовни ресурси, следете ја страната: http://www.openeducationweek.org/event/
Можете да постирате прашање на twitter користејќи (#openeducationwk).