Денес, 10 јуни 2026 година граѓанската организација Центар за локални иницијативи од Битола започна со првата фаза од реализацијата на проектот „Младите волонтери во акција за поддршка на Домот за стари лица“. Овој проект е финансиран од Општина Битола во насока на развој на волонтерството за организарање на волонтерски акции.
Акцијата е под мотото „Со мали дела создаваме поубава и потопла средина за нашите сограѓани во третата доба од својот живот“ - штитеници на Домот за стари лица во Битола.
Првата фаза од реализацијата на проектот се состои во активности поврзани со засадување на цвеќе и садници од дрвја во дворот на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола. Цвеќето е набавено од цвеќарницата Грин гарден која се вклучи со своја донација од цветен расад.
На денешниот настан на донирањето на расадот учество зедоа претседателката на Здружението (проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска) и волонтер во организацијата од Република Того, Африка (Grace Medzetom) студентка на универзитетот Le Mans во Франција, а донацијата беше врачена на социјалниот работник од институцијата - Сара Масалковска.
