Основната цел на проектот е да се покаже дека старите занаети може да бидат нови успешни бизниси во рацете на младите луѓе кои со својата креативност ќе направат поврзување на фрагменти од богатото културно наследство (историја, литература и култура) преку нивно вградување во нови производи наменети за пазарот.
Поединечни цели на проектот се следниве:
- Реафирмирање на старите занаети преку анимирање на млади креативни луѓе кои на занаетите ќе гледаат како можност за креативно изразување и свој иден бизнис;
- Зачувување на културното наследство преку спојување на уметноста и фрагменти од традиционалните мотиви со модерните текови и потреби;
- Продолжување и афирмирање на традицијата преку претворање на старите занаети во нови профитабилни бизниси водени од млади креативни луѓе;
- Промовирање на старите занаети и културното наследство со употреба на новите ИТ технологии;
- Создавање на комуна во рамките на летна школа;
- Интеркултурна размена, дијалог и толеранција меѓу различни етноси, полова различност и лица со попреченост.