Конкретната цел на проектот „ДИГИТАЛЕН ПОРТАЛ - Брз пристап до ново знаење“ е да ги обедини искуствата и капацитет на организациите учеснички за развој и дистрибуција на веб-базиран портал за образовни дигитални содржина, ориентирана кон до-обука и стекнување знаења и вештини надвор од наставните програми од областа на земјоделски професии.
Со реализација на поставените проектни активности се очекува да се постигнат следниве цели:
- Изработка на детална анализа на потребните знаења и вештини надвор од наставната програма од областа на дигиталните вештини и зачувување на природата;
- Поддршка на интернационлано споделување на едукативни содржини, ориентирани кон спроведување на дигитална и еколошка обука во професионално ориентирани области;
- Креирање на интернет-портал, кој покрај тоа што ќе биде средство за стекнување нови знаења, вештини и компетенции, исто така ќе им даде на корисниците нова перспектива за главните теми „заштита на животната средина“ и „дигитални вештини“;
- Зголемување на капацитетот на организациите учеснички во стручната обука.
Апликант и носител на проектот е PGSS "Marko Markov" од Бугарија и партнер EXPERIMENTACULO ASSOCIACAO CULTURAL од Португалија.