БОРБА ПРОТИВ COVID-19 ВО БИТОЛА И ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ СО ОПШТИНА БИТОЛА
Извештај за реализирано стручно-научно истражување
д-р Мимоза Богданоска Јовановска
м-р Искра Танушевска
Проект поддржан
од Општина Битола
Декември, 2020 г.
Во изминатата година, во ситуција на секојдневно зголемување на бројките поврзани со заболени и починати лица од коронавирусот, се наметна потреба од преземање на активности во поглед на справување со ситуацијата. Во низата преземени активности е токму и овој извештај направен со цел за подобро разбирање на состојбите и размена на искуства во поглед на преземање на идни креативни решенија за подобро справување со пандемијата од Covid-19.