Втор повик за објава на трудови во меѓународната ревија ФЕНЕСТРА

Меѓународната ревија ФЕНЕСТРА на Центарот за локални иницијативи од областа на образованието објавува ПОВИК ЗА ТРУДОВИ.
Проверете го линкот погоре, прочитајте и дознајте ги деталите, ревијата е отворена за студенти и наставен кадар во основното и средното образование.
На следниов линк е поставено Упатството за изработка на трудот. 

Слободно контактирајте не за дополнителни информации!

Разгледајте го првото издание од ревијата ФЕНЕСТРА на следниов линк. 

Рокот за уплата за објава на трудот е продолжен до 20-ти Јануари. Инструкции за уплата може да најдете на следнава уплатница:




"Како до финансии преку ЕУ програмата Хоризонт 2020?"


Дали сакате да дознаете како да искористите средства од Европските фондови? Дали знаете што предвидува програмата за истражување и иновации на ЕУ Хоризонт 2020, како се подготвуваат проекти, како се влегува во партнерски мрежи? Имате идеи, но потребна ви е насока како до финансии?

Европската тренинг академија (ЕТА) од Србија организира дводневен тренинг "Како до финансии преку ЕУ програмата Хоризонт 2020?" на 27-ми и 28-ми Ноември во Битола, кој ќе Ви овозможи да ги зголемите своите шанси да добиете финансиски средства од Хоризонт 2020.

Повеќе информации за самата обука прочитајте во флаерот на следниот линк.

За кого е наменета обуката: Големи, мали и средни претпријатија; Иновативни компании; Инвестициски фондови и друштва; Агенции за регионален развој, кластери, организации за поддршка на бизнис; Општини; Универзитети, факултети; Научни институции; Министерства; Невладини организации; Секој кој сака да дознае повеќе за Хоризонт 2020.

Пријавете се најдоцна до 20-ти Ноември и обезбедете си место, бидете меѓу ретките кои ќе имаат можност да слушнат за програмата Хоризонт 2020 од професионалци со големо искуство во подготовка на проекти за ЕУ фондови.