Учество на Конференција “Internet of Education"

Отворено образование, што претставува, зошто е важно за нашата држава? Ова се неколку прашања кои во иднина се почесто ќе се поставуваат со оглед на тоа што има потреба образовните ресурси да се бесплатни и слободниот пристап до отворените образовни содржини во многу економии значително се зголемува. За земји во развој како што е Македонија, отвореното образование е од голема важност со оглед на тоа дека истото нуди бесплатен пристап до дигитални материјали на секое ниво во образовниот систем, на тој начин значително намалувајќи ги трошоците.

Токму имајќи ја во предвид важноста на отвореното образование за цел регион, на 18-ти Септември, 2015 во Сараево, Босна и Херцеговина се одржа конференцијата: Internet of Education“ во организација на Opening up Slovenia, UNESCO одделот за отворени образовни ресурси, Knowledge 4 All Foundation, Microsoft Босна и Министерство за образование на Босна и Херцеговина. На оваа Конференција особено се говореше за пренесување на искуствата од Словенија кои се први во Европа кои ја спроведуваат иницијативата за отворено образование Opening up Slovenia во чија основа е идејата да се следи политиката на Европската Комисија “Opening up Education“ која ја поставува Европската агенда за стимулирање на високо-квалитетни и иновативни начини за на учење и настава преку нови технологии и дигитални содржини.  На Конференцијата имаше гости од целиот регион, а свои излагања имаа преставници од Босна, Србија, Хрватска кои ги презентираа состојбите со отвореното образовние во нивните држави. Претставниците од Словенија пак изложија како може нивната иницијатива да се прошири на регионот и заеднички да се движиме кон унапредување на отвореното образование. Повеќе за темите и говорниците може да погледнете на следниот линк: http://www.ouslovenia.net/event/ioe2015/ Потпретседателот на Центарот за локални иницијативи Елена Стојановска исто така имаше своја презентација за отвореното образование во Македонија. 

Свои излагања имаа и гости од Humboldt Универзитетот од Берлин, Universitat Politècnica de València кои презентираа значајни проекти за отворено образование финансирани во рамките на ЕУ програмата Хоризонт 2020 поврзани со преводи на масивни отворени онлајн курсеви. Интересен проект кој беше презентиран од претставник на фондацијата My Machine Global (Белгиска иницијатива) беше My Machine кој на многу интересен начин ја поттикнува иновативноста, креативноста и претприемачкиот дух кај учениците. Ваков проект функцинира низ неколку држави во светот меѓу кои и My Machine Словенија.

Participation on "Internet of Education" Conference in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina


Open Еducation, what it is and why it is important for our country? These are some questions that will increase importance in the future because there is a real need for free access to educational resources, and open access to educational content in many economies has significantly increased. For developing countries such as Macedonia, Open Education is of great importance because it offers free access to digital materials at every level in the educational system, thus greatly reducing costs.


Taking into account the importance of Open Education for the entire region, on 18th of September, 2015 in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina was held the conference: "Internet of Education" in the organization of Opening up Slovenia and the Ministry of Education of Bosnia and Herzegovina. At this conference was discussed the experience of Slovenia which is the first country in Europe that is implementing the initiative for Open Education "Opening up Slovenia" which is based on the idea  to follow as closely as possible and go beyond the European Commission’s communication “Opening up Education”, which sets out a European agenda for stimulating high-quality, innovative learning and teaching through new technologies and digital content. Participants were coming from the region and guest speakers from Bosnia, Serbia, Croatia presented the situation with Open Education in their countries. Representatives of Slovenia presented how their initiative can expand in the region and how jointly we can move towards Open Education development. More on topics and speakers can be found at the following link: http://www.ouslovenia.net/event/ioe2015/. The Vice President of the Center for Local Initiatives Elena Stojanovska also delivered a presentation on Open Education in Macedonia.

Guests from Humboldt University of Berlin, Universitat Politècnica de València presented significant projects for Open Education financed under the EU Horizon 2020 program related to the translation of massive open online courses. An interesting project that was presented by a representative of the foundation My Machine Global was the project My Machine (Belgian Initiative) - a fascinating method for encouraging innovation, creativity and entrepreneurial spirit among students. This project is functioning in many countries in the world, including My MachineSlovenia.