Започна да се реализира проектот „Сторија за битолска историја – нешто ново, за нешто старо!“ финансиран од општина Битола.
Станува збор за проект во кој на младите од Битола ќе им бидат ставени на располагање информации за историјата на градот со цел да се постигне реафирмирање на култни места во Битола. Проектот има за цел да допре длабоко во минатото и да овозможи поглед во иднината, да иницира нови иницијативи и инвестиции за туристичка (економски развој), образовна и културна промоција на градот.
Проектот е во функција на младите и да им овозможи пополнување на едукативна празнина која не се овозможува преку редовниот образовен процес. Преку споделување на откриени податоци за знаменитости на градот, трајни паметници за една култура, корени и факти кои не треба да се потиснат од товарот на нашето секојдневие во рамките на проектот ќе се опфатат следните локации: Градски парк, Тумбе кафе, Хераклеја, Пелистер, Градски часовник.