Нов проект: Научете за претприемачката култура на САД


Нов проект: Научете за претприемачката култура на САД

Како до нови млади претприемачи? Претприемаштвото се поттикнува уште од рана возраст кога младите треба да се мотивираат да размислуваат претприемачки, поткрепено со позитивни примери од претприемачи кои достигнале значајни успеси. Во нашата држава токму се потребни нови генерации на претприемачи кои ќе имаат проактивност, мотивација и храброст за реализација на своите бизнис идеи и кои ќе креираат нови работни места.

Во таа насока Центарот за локални инцијативи ќе го имплементира проектот: “Научете за претприемачката култура на САД“ поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Временска рамка: 01.03.2016-30.06.2016
Имплементатор: Центар за локални иницијативи Битола

Главната цел на овој проект е да се промовира претприемачката култура на САД на средношколците, наставниците и пошироката јавност во Македонија преку работилници, отворени образовни ресурси, учење базирано врз проекти и дебатирање и на тој начин да се мотивираат што повеќе млади луѓе да размислуваат како идни претприемачи.

Посебни цели:
- Организирање на 10 работилници во општините Битола, Прилеп, Ресен и Велес за средношколци и наставници на следниве теми: Познати претприемачи во САД; Познати компании од САД; Инспиративни бизнис книги од САД; Отворени бесплатни бизнис курсеви од Американски универзитети и Големи Американски лидери;

- Организирање на дебати слични на TEDEd клубовите на селектирано видео на тема: Претприемаштвото во САД;

- Да се ​​мотивираат 200 средношколци да се гледаат себеси како идни претприемачи преку позитивни примери на успешни претприемачи и учење за претприемаштвото и претприемачката култура на САД;

- Да се ​​мотивираат 50 наставници од средните училишта и вработени во студентски домови да вклучат примери од претприемачката култура од САД во своите предавања, со цел да поттикне претприемачкиот дух кај нивните ученици и да користат отворени образовни ресурси создадени од Американски институции, како и методот на учење базирано врз проекти.

Learn about Entrepreneurial Culture of the USA

How to encourage new generations of young entrepreneurs? Entrepreneurship is encouraged from an early age when young people should be motivated to think in an entrepreneurial way, supported by positive examples of entrepreneurs who have achieved significant successes. In our country, we need new generations of entrepreneurs who will be proactive, motivated and have the courage to realize their business ideas, thus creating new jobs.

In this regard, the Center for Local Initiatives Bitola will implement the project "Learn about the Entrepreneurial Culture of the USA" funded by the US Embassy in Macedonia.

Implementer: Center for Local Initiaitives Bitola
Timeframe: 01.03.2016-30.06.2016

The main goal of this project is to promote the entrepreneurial culture of the USA to high school students, teachers and wider public from Macedonia through workshops, open educational resources, project based learning and debating and on this way motivating more young people to see themselves as future entrepreneurs.

Objectives:
- To organize 10 workshops in municipalities of Bitola, Prilep, Resen and Veles for high school students and teachers presenting the following topics: Famous entrepreneurs in the USA, Famous companies from the USA, Inspirational business books from the USA, Open free business courses from US Universities and Great American Leaders;

- To organize 1-hour debates similar to those in TED-Ed clubs about one chosen video on the topic: Entrepreneurship in the USA in the frames of the workshops;

- To motivate 200 high school students to see themselves as future entrepreneurs through positive examples of successful entrepreneurs and to learn more about entrepreneurship and entrepreneurial culture of the USA;

- To motivate 50 teachers from high schools and educators working in student dormitories to include examples from entrepreneurial culture in the USA in their classes to boost the entrepreneurial spirit among their students and to use open educational resources created from US institutions, as well as the project-based learning method.